Вчера околу 20,30 часот во Куманово, во семејниот дом, В.Т. (полициски службеник) кој бил под дејство на алкохол започнал вербална расправија со неговата сопруга Н.Т.(31), а потоа и физички ја нападнал, по што истата паднала во бессознание. В.Т. е лишен од слобода, при што му бил одземен службениот пиштол, со две рамки и 30 куршуми.
Веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, информираат од Министерството за внатрешни работи.