Полициски авион се урна во близина на популарно одморалиште во Тајланд: Пет лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Мал полициски авион се урна во близина на популарно одморалиште во Тајланд, при што загинаа пет од шесте лица во авионот, соопштија локалните власти утрово, објави агенцијата АП.

Loading...

Авионот бил на пробен лет како подготовка за обука за падобранство во округот Хуа Хин пред да се сруши околу 8:00 часот наутро по локално време, изјави портпаролот на тајландската полиција Аршајон Краитонг.

Официјалните лица не соопштија веднаш за кој модел на авион станува збор, но според снимката, се чини дека станува збор за двомоторен „Викинг ДХЦ-6 Твин Отер“, пренесува АП.

Авионот се урна во близина на аеродромот Хуа Хин, соопштија официјални лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сестрата на Фреди Меркјури потрошила богатство за да го врати имотот на својот брат

На снимката се гледа авионот во морето на околу 100 метри од брегот, а неговиот труп изгледа како да е скршен на два дела.

Во авионот имало шест лица, сите полицајци, соопшти портапролот.

Властите почнаа со испитување на црната кутија за да ја утврдат причината за падот на малиот авион, објави Франс Прес.

Снимките објавени на социјалните мрежи го прикажуваат авионот како спирално се движи пред да се сруши во морето, како и луѓе кои се обидуваат да стигнат до местото на несреќата.

Loading...