Угостителски објект лоциран во центарот на Куманово вчеравечер бил затворен од полицијата, поради непочитување на мерките за заштита од коронавирусот.
Loading...
– На 03.02.2021 година во 22.33 часот по претходна пријава од граѓанин полициските службеници од СВР Куманово извршиле контрола на нерегистриран угостителски објект во центарот на градот, кој покрај тоа работел и по дозволеното работно време за угостителски објекти, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат оттаму, при контролата биле затекнати пет лица-гости и сопственикот Г.Р.(49).
По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски