Полицијата забрани протест пред резиденцијата на Нетанјаху

Сподели со своите пријатели

Израелската полиција соопшти дека нема да дозволи вечерва да се одржи протест пред резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Loading...

Полицијата се закани дека ќе го растури секој таков собир, бидејќи „не дозволуваат демонстрации за политички или безбедносни прашања за време на војната“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Полициски извор изјави дека протестот, најавен поради неуспехот на израелските власти, кои ги овозможија нападите на Хамас на 7 октомври, можеби би бил дозволен да се одржи доколку бил регистриран како „тивко бдеење“.

Според локалните прописи во Цезареја, каде што се наоѓа резиденцијата на премиерот Нетанјаху, дозволени се големи собири, но за време на воена состојба полицијата може да ги забрани, со образложение дека нема жива сила да ги обезбеди, пишува Хаарец.

Додека неколку високи израелски функционери изјавија во последниве недели дека ја преземаат одговорноста за огромниот неуспех на владата што им овозможи на илјадници членови на палестинската милитантна група Хамас да извршат прекуграничен напад од Појасот Газа, при што загинаа 1.400 луѓе, главно цивили, и земајќи најмалку 233 заложници, Нетанјаху одби да каже јасно.

Израелскиот премиер изјави дека по војната „сите ќе треба да дадат одговори“, пренесува Танјуг.