Во центарот на Амстердам, полицајци се гаѓаа со снег со граѓаните, а видеото од овој настан предизвика бројни реакции, бидејќи станува збор за кршење на епидемиолошките мерки.
Loading...
Холандската влада издаде нова, зимска наредба во саботата, во која гаѓањето со топки снег е дозволено само помеѓу членовите на истото домаќинство.
Откако минатиот викенд падна необично големо количество снег, на плоштадот Амстердам имаше гаѓање со топки снег меѓу полицијата и минувачите.
Многумина на социјалните мрежи рекоа дека ова е симпатична акција, но исто така додаваат дека полицијата мора да биде пример за почитување на мерките.
https://youtu.be/FxQ5g5h-8F8