Петнаесетгодишно момче е идентификувано како осомничено лице кое беше убиено во близина на Ротердам од страна на холандската полиција по пријава за наводен вооружен грабеж.
Пукањето се случило по грабеж на велосипед во кој осомничениот наводно користел огнено оружје, а локалната полиција убила момче во ресторан за брза храна на „Мекдоналдс“ во покраината Јужна Холандија.
Полицијата уапси уште едно лице во врска со грабежот што се случи доцна попладне, објави „NL Times“.
Независната истражна служба, Рајкрешерш, ќе спроведе истрага за овој инцидент.
Оваа служба е одговорна за истраги во сите случаи каде што полицијата користи оружје, за да утврди дали се почитуваат правилата и процедурите.
Потоа, тие ги доставуваат своите наоди и препораки до јавното обвинителство, кое одлучува дали да поднесе кривични пријави против полицајците кои учествувале во инцидентот, пренесува Танјуг.