Големи полициски сили со панцири и автоматско оружје се распоредени околу зградата на Општина Куманово по денешната престрелка.
Неофицијално ранет е кандидат за советник во Општина Липково.
Според информации од очевидци напаѓачот избегал, иако огромен број полициски слубженици веднаш излегле од зградата на кумановската полиција која се наоѓа на неколку метри од локацијата.
Кумановски Муабети се обиде да стапи во контакт со СВР Куманово, но засега безуспешно.
Според засега непроврени информации, освен што е блоиран пристапот до зградата на општината и полицијата, затворен е и влезот и излезот на градот.
Повеќе информации наскоро.
Никола Ивановски