Полицијата со детали за несреќата во која беа повредени 10 работници во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во СВР Куманово вчера околу 10:20 часот било пријавено дека на улицата „АВНОЈ“ во Куманово на објект во изградба, при изведување на градежни работи биле повредени 10 работници, Д.Т., Л.Д., Р.В., Н.С., М.Д., Л.А, А.М., О.И., Н.Ј. и С.В.

Loading...

Како што информираат од полицијата, повредените лица биле пренесени во Општа болница Куманово, од кои на Д.Т., Л.Д., Р.В. и Н.С. им биле констатирани тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза’’.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply