Полицијата сѐ уште трага по двајца кумановци, едниот исчезнат повеќе од месец дена

Сподели со своите пријатели

По двајца повозрасни кумановци сѐ уште трага полицијата, откако се пријавени за исчезнати, едниот пред месец дена, вториот пред три недели.

Loading...

Од 14ти февруари му се губи секаква трага на Стојадин Марковски од населбата Карпош, роден на 18.04.1953 година, кој откако излегол да чисти снег повеќе не се вратил дома.

Информациите за негово исчезнување Министерството за внатрешни работи ги објави на својата веб страница во одделот за исчезнати лица, со надеж дека некој од граѓаните ќе го препознае.

Кога излегол од дома бил облечен во црвена јакна, афрмерки и бели патики. Живеел со неговата сопруга и нема блиски роднини.

Вториот исчезнат е 67-годишен Ј.С. од Куманово, чиј идентитет сѐ уште не е објавен од страна на полицијата. Тој за исчезнат се води од 25ти минатиот месец.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово појаснија дека потрага по лицата сѐ уштре трае.

Никола Ивановски

Leave a Reply