Полицијата приведе 27-годишен кумановец со растителна материја

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен кумановец бил приведен од полицијата, откако му пронашле растителна материја.

Loading...

– На 14.09.2021 година во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.А. (27) од Куманово затоа што кај него била пронајдена растителна материја, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски