Полицијата одзеде автомобил на кумановец оти возел без дозвола

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишен кумановец е приведен, а неговиот автомобил одземен, откако полицијата констатирала дека возел без возачка дозвола.

– На 03.02.2026 во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, при сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца тинејџери, со тврд предмет натепале кумановец

– Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено, додаваат од МВР.

По документирање на случајот, како што стои во соопштението, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од КЗ.

Никола Ивановски