Ова е осми ден од руската инвазија на Украина. Откако руската армија го зазеде Херсон, стратешки важен град на југот на земјата, продолжија тешките битки за Харков, Киев и Чернихив.
Loading...
Руските сили го опколија Мариупол, важно украинско пристаниште во југоисточна Украина.
Украинската полиција објави видео на Јутјуб, на кое велат дека ги прикажува страшните последици од бомбардирањето на Чернихив, град во северна Украина.
Уништени се повеќе згради, инфраструктура, автомобили, паркови…
Иако Русите го уништија градот, тој сѐ уште е во рацете на Украинците, според последните податоци, пишува Би-би-си.
Според Sky News, украинската служба за итни случаи информира за 22 загинати лица.
Loading...