Вкупно 41 казна вчера напишала полицијата на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово поради управување возило со брзина над дозволената.
– Вчера (05.12.) во периодот од 11 до 15 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 41 возачи, информираат од кумановската полиција.
Засилените сообраќајни контроли, појаснуваат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.
Никола Ивановски