Полицијата ја запрела оти „летала“ со автомобилот, па сфатиле дека таа има 103 години

Сподели со своите пријатели

Италијанската полиција ја стопирала, како што се верува, една од најстарите жени прекршители на сообраќајните правила на сите времиња.

Loading...

Таа управувала автомобил со истечена возачка дозвола, а нејзините лични документи покажале дека има 103 години.

Пензионерката, родена во 1920 година, среде ноќ го возела својот автомобил во малиот град Бондено на северот на Италија, соопштија локалните власти во вторникот.

Таа го привлекла вниманието затоа што возела пребрзо околу еден час по полноќ и неколку пати возела низ истите градски патишта.

Полициската патрола при рутинска проверка констатирала дека возачката дозвола ѝ била истечена пред две години, а немала ниту документ за осигурување на автомобилот.

Поради тоа возилото ѝ го одзело и го однела „пајак“ службата.

Виталната жена возач потоа полицијата ја однела дома.

На прашањето каде оди, таа одговорила дека ќе оди кај пријатели кои живеат надвор од градот.

Loading...

Бондено е мал град во регионот Емилија-Ромања со околу 15.000 жители.