20 лица ќе бидат казнети за учество во нелегална забава со Борис Џонсон, јавува Би-Би-Си.
Loading...
Полицијата нема да именува поединци или да потврди кои се казните. Сепак, Даунинг стрит ќе објави дали Џонсон е меѓу казнетите.
Проруски сепаратист: Инвазијата е грешка, реакцијата на Москва секогаш доцни
Да потсетиме, британскиот премиер Борис Џонсон имаше роденденска прослава за време на првото заклучување во јуни 2020 година, кога беа забранети социјалните собири во затворени простории.
Сопругата на премиерот, Кери Џонсон, наводно помогнала во организирањето на забавата на 19 јуни.