Итан Брамбл, интернет ѕвезда и модел, кој со тетоважи има прекриено 98 отсто од своето тело, и се руга на полицијата во Австралија од својот Инстаграм профил откако по него е издадена потерница.
Полицијата го бара Брамбл (23) поради прекршок во врска со напад, пренесува ВВС.
Тетовирал 90 отсто од телото и ги отстранил гениталиите – му ги прекривале тетоважите (ФОТО)
Тој негирал дека такво нешто сторил во текот на редовното ажурирање на своите социјални мрежи, каде оставил и провокативни пораки до полицијата.
Себе се опишува како припадник на „најмодерната младина во светот“.
Тој претходно се појавувал во телевизиски интервјуа поради необичниот изглед.
ЧОВЕК СТРИП: Има 21 година, 40 операции и 150 тетоважи (ФОТО)
Оваа недела во одговор на полициската потерница напишал „Нананана никогаш нема да ме фатите“.
Слични поради се поставени и на неговиот Инстаграм профил каде има над 200.000 следбеници.
Брамбл вчера рекол дека налогот на полицијата е поради недорасбирање околу препирка во бар која ја имал со поранешната девојка.
Фото: Instagram/ethanmodboybramble