Полицијата и родителите во патрола низ угостителските објекти во Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Најпосетуваните места за ноќна забава од страна на малолетните лица во Куманово, синоќа беа посетени од мешани патроли од полициски службеници и родители.

Во мешаните патроли учествуваа полициски службеници од  Отсек за превенција и родители на малолетници, при што  остварија посета на неколку локали, како во централното градско подрачје, така и во периферните населби каде има места на кои се собираат младите, а го посетија и паркот Соколана.

 

 

 Мешаните патроли се во рамки на неделата на превентивни активности, во пресрет на 9 декември, Денот на превенција.

– Очекуваме мислење, забелешки и предлози од родителите како понатаму да постапува полицијата, нивни предлози, места кои ги сметаат за безбедни, небезбедни, што би требало да се промени, преку родителите да се упати порака до други родители на кој начин малолетните лица можат да бидат побезбедни во ноќните излегувања, изјави Виолета Богдановска, раководител на Отсекот за превенција при СВР Куманово.

 

 

Богдановска потсетува дека малолетните лица имаат право да излегуваат најдоцна до полноќ, но притоа угостителите не смеат да им служат алкохолни пијалаци.

На почетокот на акцијата досега немаме констатирано посериозни прекршоци кои ги чинат малолетните лица, за понатаму ќе видиме, додава Богдановска.

 

 

Родителите имаат позитивни искуства од вчерашните мешани патроли и очекуваат да ги споделат нивните видувања со малолетните лица, за да заедно се заложит за поголема безбедност во градот.

– Имам позитивно искуство со тоа што очекував малолетниците да имаат страв од полицијата, меѓутоа тие многу позитивно го прифатија нашето доаѓање, дури се отворени за разговор и тука се свесни дека полицијата е околу нив. Дел од децата не се баш свесни колку треба да излезат навечер, до 23:30 ми е излезот до полноќ, сепак тоа е наша работа како родители треба да водиме грижа до колку ќе ги пуштиме своите деца и да водиме сметка да потенцираме дека полициските патроли се постојано тука и доколку се случи некаков проблем слободно да пријават затоа што тие се тука за нив, вели Сања Јакимовска, наставник и родител на две малолетни деца.

 

 

Јакимовска апелира родителите да водат повеќе грижа за своите деца, каде тие излегуваат и што прават во доцните вечерни часови.

 

 

Патролите во мешан составо помеѓу претставници на СВР Куманово и полицијата се организираат од 2013 година.