Четири неправилности утврдила полицијата утринава при контрола на 18 возила што вршат јавен превоз на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово.
Loading...
– Денеска (01.12.) во периодот од 08.00 до 11.00 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена e акциска контрола за санкционирање на возила со кои се врши јавен превоз на патници при тоа биле контролирани 18 возила,а биле утврдени 4 неправилности кои се соодветно санкционирани, информираат од кумановската полиција.
Од утврдените неправилности, како што појаснуваат од полицијата, кај двајца биле утврдени неисправни светлосно-сигнални уреди и две санцкии се за недостатоци на опрема.
Никола Ивановски