Полицајците во Мексико ќе мора да одат на диета

Сподели со своите пријатели

Полицајците во Мексико кои сакаат да се приклучат на Националната гарда мора да ослабнат за да се занимаваат со мигрантската криза во земјата.

Loading...

На група полицајци им било кажано дека имаат шест месеци да ги исполнат условите за тежина или да бараат нова професија.

Најмалку 625 полицајци кои не ги исполниле телесните тежини мора да посетуваат контролни пунктови на Националниот имиграциски институт на јужнат аи северната граница во следнит ешест месеци или додека трае итниот случај, пишува дневникот Финансиеро, пренесува ВВС.

Ако полицајците и потоа не го минат тестот, ќе мора да останат во имигрантската слубжа за да бидат дел од Државната служба за заштита или ќе останат без работа, затоа што кон крајот на јуни полицијата ќе се спои со Националната гарда.

Истражување на Националната агенција за статитстика и географија за 2017 година утврдило дека 79 отсто од полициските службеници во земјата имаат прекумерна тежина или се дебели.

Претседателот Андреас Мануел Лопес Обрадор кон почетокот на годината од конгресот доби одобрение за нова Национална гарда која ќе има 60.000 војници, со што се исполни ветувањето дека ќе се концентрира на борбата против организираниот криминал и општото беззаконие.

Меѓутоа, критичарите тврдат дека Националната гарда нема да се занимава со организираниот криминал и беззаконие, туку со имиграциската криза, бидејќи луѓето од Средна Америка се обидуваат да дојдат до САД преку Мексико.

Image by Candelario Gomez Lopez from Pixabay

Loading...

Leave a Reply