Полицајците добиле отказ бидејќи наместо разбојници ловеле покемони

Сподели со своите пријатели

Двајца американски полицајци од Лос Анџелес добија отказ, откако беше откриено дека биле во работно време и додека требало да бидат во потера по разбојниците – играјќи Покемон Гоу.

Сега поранешните полицајци Луис Лозано и Ерик Мичел беа отпуштени во 2017 година, но тие се пожалија на одлуката и побараа од судот да се врати на работа.

Според судските документи, Лозано и Мичел биле на обиколка на нивната патролна област во југозападниот дел на Лос Анџелес во април 2017 година, кога добиле повик на радио да се приклучат на потера по разбојник во блискиот трговски центар. Но, дуото се оглуви на повикот.

 

 

Како што покажаа снимките од нивниот автомобил, полицајците биле во близина на трговскиот центар и намерно го игнорирале повикот. Од штабот известија дека се наоѓаат во друг дел од градот и на тој начин се обидувале да скријат што прават.

На снимката, меѓу другото, може да се слушне како разговараат за ликот на „Снорлакс“ кој се појави во играта Pokemon Go неколку улици подалеку. Во следните 20 минути, полицајците се возеа на различни локации каде се појавуваа виртуелни Покемони и разговараа за нив.

Во судските документи стои дека полицијата „не успеала да ги фати разбојниците“, но затоа го фатила Покемонот.

 

 

Во текот на жалбената постапка, поранешните полицајци признале дека ја напуштиле својата област во потрага по „Снорлакс“, но дека тоа го направиле како „дополнителен напор и специјална патрола“. Тие се пожалија дека во моментот на повикот биле во парк каде што свирела гласна музика, за да не го слушнале повикот на радио, иако на снимката се гледало дека го слушнале повикот и намерно го игнорирале.

По истрагата, тие добија отказ, што беше потврдено и од судот со отфрлање на жалбата.

Не е познато дали полицијата продолжила да лови покемони или само почнала да бара нова работа.