Полицајци погодија маж со електрошок кој почна да гори: Тие избегаа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Се појави снимка од маж кој се запали откако полицајци го погодија со електрошок.

Loading...

Обвинителот на државата Њујорк во петокот објави видео снимено во полициска станица на северот на државата. По овој инцидент мажот кој се запалил починал во болница.

На вознемирувачката снимка се гледа како Џонс шета низ фоајето на полициската станица 10-тина минути по разговорот со неколку полицајци на 30 октомври минатата година.

Тој станува видно вознемирен, ги соблекува дуксерите и маичката, а по околу 10 минути Џонс ги наводнува горниот дел од телото и косата со запаливо средство за дезинфекција на рацете од големото шише кое било на масата.

По неколку секунди му приоѓаат тројца полицајци. Еден од нив вади електрошок и го испука во Џонс. Мажот потоа бил зафатен од пламен.

Полицајците потоа побегнале – двајца во друга соба, а третиот зад аголот, оставајќи го Џонс сам да се бори со пламенот.

Човекот се тркала на подот и ја удира главата околу 10 секунди. Додека Џонс е на подот, силно изгорен и вреска во агонија, полицаецот кој го користел пиштолот се враќа во собата и се чини дека се обидува да ги зграби рацете на Џонс зад неговиот грб.

Се верува дека полицаецот дури сакал да му стави лисици.

Loading...

Поминаа уште 15 минути пред докторот да ја донесе количката и да го изнесе Џонс, а несреќниот човек починал откако поминал 47 дена на респиратор бидејќи белите дробови му биле толку изгорени што не можел да апсорбира кислород.

Обвинителството на државата Њујорк Летиција Џејмс ја истражува неговата смрт.