Залутана мечка ги држела жителите и полицијата во шпанскиот град Понферада во неизвесност, соопшти во вторникот градската полиција.
Таксист и други граѓани ги предупредиле властите во вторникот рано наутро кога виделе мечка како шета низ центарот на градот, објави полицијата во северозападниот град со 65.000 жители на Твитер.
Неколку патроли тргнале во потрага по животното, кое рекле дека го забележале во близина на реката Сил, а потоа го однеле до неговото природно живеалиште на планината Пајариелу.
На видеото на таксист што го објави полицијата се гледа како кафеава мечка трча пред неговиот автомобил пред зори.
Ситуацијата не била безопасна за граѓаните на Понферада, велат од полицијата и додаваат:
„Иако овие животни се многу плашливи во присуство на луѓе, се препорачува крајна претпазливост“, велат тие.
🐻💨📹
Esta madrugada un taxista alertó de la presencia de un 🧸, al que graba por el centro de la ciudad.
Nuestras patrullas lo localizan cerca del río y lo guían hacia el Monte Pajariel.
Aunque son animales asustadizos ante la presencia humana, rogamos máxima precaución. pic.twitter.com/ux1C5puxT2— Policía Municipal de Ponferrada (@092ponferrada) October 11, 2022