Полицаецот осуден за убиството на Џорџ Флојд избоден во затвор

Сподели со своите пријатели

Дерек Шовин, поранешен американски полицаец кој беше осуден во 2020 година за убиство на Џорџ Флојд, беше нападнат во петокот во федерален затвор во Аризона, јавува Си-Ен-Ен.

Loading...

Шовин е во „стабилна состојба“ по нападот во Федералната институција во Тусон, изјави извор на Си-Ен-Ен.

Запрашани за коментар за веста дека Шовин бил нападнат, канцелариите на ФБИ во Феникс и Минеаполис изјавиле за Си-Ен-Ен дека се запознаени со ситуацијата во затворот, но не го идентификувале лицето кое било нападнато, а Си-Ен-Ен ја упатиле до Бирото за затвори за повеќе информации.

Адвокатот на Шовин, Грег Ериксон, изјави за Си-Ен-Ен дека работи на добивање потврда за инцидентот.

Бирото за затвори подоцна објави дека „затворен поединец бил нападнат во затворот во округот Тусон околу 12:30 часот, а два извори потврдиле за Си-Ен-Ен дека тоа е Шовин.

„Вработените примениле мерки за спасување на едно лице, кое е пренесено во болница. Во инцидентот нашите вработени не се повредени“, се вели во соопштението на Бирото.