Началникот на полицијата во Тексас е ставен на административен одмор, а некои медиуми тврдат дека тоа е затоа што тој е обвинет дека бил во врска со најмалку две жени, иако бил во брак.
Според странските медиуми, кога 39-годишниот Џејсон Колиер бил назначен за началник на полицијата во градот Стинет во февруари 2020 година, на објавата на полициската страница на Фејсбук се вели дека тој е оженет и има четири деца.
Сепак, според една од неговите наводни девојки, Колиер живеел „двоен/троен живот“ и наводно се свршил со уште најмалку две жени и покрај фактот дека тој бил оженет.
Според полицијата во Стинет, тој покрај тоа што е семеен човек, има дури и статус на свештеник.
Сепак, според „Дејли меил“, информацијата дека тој бил оженет ја изненадила неговата сега веќе поранешна девојка Сесили Штајнмец.
Таа го обвини Колиер на Фејсбук на 26 јануари дека е прељубник, велејќи дека не само што бил во сериозна врска со неа, туку и дека излегува со барем уште една жена.
– Началникот на полицијата Џејсон Колиер живее двоен/троен живот. Јас до вчера му бев девојка. Синоќа дознав и за неговата втора девојка Кристи. Тој нѐ излажа сите нас, неговите деца, дури и нè замоли и двете да се омажиме за него – напиша Штајнмец на Фејсбук, а нејзиниот пост наскоро се прошири на социјалната мрежа.
Во објава на Фејсбук (која во меѓувреме е отстранета), таа рече дека е „лош претставник“ на градот во кој работи и тврди дека тој дошол да ја посети на сред смена.
– Само што се вративме од одмор во неделата во Таос. Во меѓувреме, на неговата друга девојка и беше кажано дека е на задача во Портланд, Орегон, рече Сесили.
Според порталот Heavy.com, Штајнмец дознала за измамата откако објавила заеднички фотографии со Колиер.
Ова го видела Кристи Шефер, која во коментарите рекла дека таа е една од неговите девојки. Таа го забележала соопштението и рекла дека и таа излегува со него, како и дека се вериле во декември минатата година.
Властите објавија дека Колиер е суспендиран, но не е објаснето која е причината за суспензијата, пренесува КСАТ.
Потоа Штајнмез го прашала Колиер за неговата сопруга и тој покажал наводно фалсификуван документ во кој се наведува дека го поништил бракот.
Сепак, таа не му верувала, па својата приказна ја споделила на Фејсбук.
– Тој влезе во мојот живот и во животот на моите деца и семејството. Тој го помина викендот со мене во Таос и рече дека едвај чекал да се омажи за мене. Излезе дека не сум единствената. Поминав смена со него минатата недела, но тој не сакаше да ме претстави на колешките на работа затоа што тој рече дека тие се „оние к****“ и дека едната од нив сè уште му е лута што не сакал да излезе со нејзината сестра – тврди Штајнмез.
– Очигледно дека нема етика и морал. Не само што ме повреди, туку ги повреди и моите деца со лаги. Готово е Џејсон – додаде таа.
Според светските медиуми, во меѓувреме, неколку жени објавиле за Колиер, а некои од нив тврделе дека го виделе на дејтинг апликации, а една од нив исто така изјавила дека е во врска со началникот на полицијата.
– Градот Стинет е свесен за ситуацијата во врска со началникот на полицијата Џејсон Колиер. Ќе се воздржиме од коментар за личните проблеми на градскиот персонал во јавноста – изјави градскиот управник Дурк Даунс.