Полицаец во САД застрела невооружено момче, судот го ослободи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Локалните власти објавија снимка од камера на телото на полицаец кој застрелал 11-годишно момче во Мисисипи.

Loading...

На видеото се гледа како полицаецот од Индијанола, Грег Каперс, пристигнува во домот на 11-годишната Адериен Мари рано едно утро минатиот мај, откако момчето повикало полиција бидејќи неговиот татко ѝ се заканувал на мајка му.

Прикажан е и моментот во кој Каперс пука во градите на невооружено момче, во моментот кога момчето влегло во собата и ги кренало рацете.

Момчето преживеало, но се здобило со сериозни повреди и морало да оди на скапа терапија, пишува Ројтерс.

Полицаецот беше ослободен на суд

Во декември полицаецот беше ослободен на суд бидејќи поротата заклучи дека немал криминална намера кога пукал во момчето.

Родителите на момчето поднеле и граѓанска тужба против полицаецот, градот Индијанола и началникот на полицијата.

Тие бараат отштета од пет милиони долари за „непромисленото непочитување“ на правата и безбедноста на семејството Мари од страна на Каперс.

 

Loading...

 

Адвокатот: Се обидоа да спречат да се објави снимката

Властите им дозволија на мајката на момчето и нејзиниот адвокат да ја погледнат снимката, но им беше забрането јавно да го објават видеото.

„Градот Индијанола напорно се бореше да го спречи објавувањето на снимката од камерата на телото на полицаецот Грег Каперс како пука во мојот невооружен клиент. Претпоставувам дека заборавиле дека истрагата е завршена и медиумите сега можат да пристапат до снимката“, напиша адвокатот Карлос Мур на X.

Државното обвинителство на Мисисипи најави дека нема да презема никакви дополнителни кривични дејствија во врска со овој случај.