Полицаец кој го уби Џорџ Флојд доби нови 20 години затвор

Сподели со своите пријатели

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин, кој минатата година беше осуден за убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд, денеска е осуден на 20 години и пет месеци затвор според федералната тужба, овој пат за кршење на граѓанските права на жртвата, пренесува Ројтерс.

Loading...

Шовин веќе отслужува казна од 22 и пол години во затвор во Минесота, откако беше прогласен за виновен во јуни 2021 година за убиство од втор и трет степен.

Денешната казна ќе се одвива паралелно со првобитната казна од 22 и пол години.

Флојд почина по полициска интервенција во мај 2020 година, кога Шовин го притискаше неговото колено на вратот девет минути, а Флојд се пожали дека не може да дише.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер се обидува да изгради „прагматични“ односи со Кина

Видеото од убиството стигна во јавноста, по што во бројни американски градови избија немири во знак на протест против расизмот и полициската бруталност.