Руски полицаец напишал дури 28 казни на една личност, на неговата поранешна сопруга.
Таа навистина се изненадила кога дознала за казните, сите напишани за неправилно преминување на улицата на истото место.
Бидејќи тој веќе морал да ја исполни нормата, ова се чинело како интересен начин да се одмазди и тој направил уште едно непријатно изненадување за својата поранешна сопруга.
Сепак, работите не оделе како што планирал. Наместо таа да ги плати сите тие високи казни, судот го осудил на условна казна од три години, а полицијата го отпуштила.
„Раскинавме многу одамна и веќе го заборавив. Тој очигледно не ме заборавил мене. Имаше копија од мојот пасош и оттаму ги внесувал моите податоци во пријавите“, рекла поранешната сопруга.