Покрената опсежна истрага: Во Бразил стари лица вакцинирани „со воздух“

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Рио де Женеиро денеска започна истрага поради извештајот дека на голем број луѓе од ризични групи вакцината им била дадена „залудно“.

Loading...

Откако на социјалните мрежи се појавија видеа од здравствени работници кои вакцинираат стари лица со целосно празен шприц, полицијата апелираше до локалните власти и здравствените власти да помогнат во напорите да се разбере што навистина се случило со вакцините наменети за стари лица, пренесува Ројтерс.

Во државата Рио има најмалку три случаи на, како што локалните медиуми ги нарекуваат „воздушни инјекции“, а во кои здравствените работници вакцинирале со празни шприцеви.

Вработените вмешани во измамата биле отпуштени, а постарите луѓе кои примиле лажни вакцини подоцна биле вакцинирани, соопштија здравствените власти.

Доколку полицијата утврди дека вакцините се пренасочени на друга страна, оние кои се вмешани во тој скандал може да бидат гонети за проневера, за што се предвидени до 12 години затвор.

Leave a Reply