Покемон се приклучи на кампањата за помош на Украина: „Нашите срца се кршат“

Сподели со своите пријатели

Пo многубројните донации од меѓународни компании за помош на Украина, на кампањата се вклучи и Pokemon International.

Во емотивно наполнета објава на Твитер, тие објавија дека ќе донираат 200.000 долари на нивните партнери на GlobalGiving за да поделат пари на оние на кои сега им е најпотребно – украинските семејства и деца.

 

 

„Растечката криза во Украина и Источна Европа, која продолжува да предизвикува преселување на семејствата и ја загрозува безбедноста на најмладите, ни ги крши срцата“, велат тие.

Мегапопуларната франшиза ги покани своите речиси седум милиони следбеници да го посетат GlobalGiving.org за повеќе информации. Со финансиска поддршка, организацијата веќе има учествувано во бројни проекти за деца ширум светот.