Покачена цената на месечните билети на релација Куманово-Скопје

Сподели со своите пријатели

За 200 денари е зголемена цената на месечниот билет на релација Куманово-Скопје.  Цената на дневниот билет останува непроменета и во еден правец чини 100 денари .

Студентите се револтирани на зголемувањето на цената на месечниот билет и велат дека без никаква најава е зголемена цената што директно удира по студенскиот џеб.

– Пред три години месечниот билет чинеше 2300 денари, го зголемија на 2500 за да сега достигне до 2 700 денари. Оваа го сторија без никаква најава и многу сме револтирани на покачувањето на цената на месечниот билет, вели една студенка од Куманово.

Сопствениците на транспортните претпријатија велат дека уште пред две недели било најавено покачувањето на цената на месечниот билет.

– Месечниот билет на релација Куманово –Скопје беше со многу ниска цена. За 26 работни дена чинеше 2 500 денари што значи дека цена во еден правец е помалку од 50 денари што е нереално ниска цена за нас траспортерите, вели сопственик на едно траспортно претпријатие.

Тој вели дека уште пред 15 дена корисниците на месечните билети биле информирани за покачувањето на цените. Но корисниците велат дека транспортерите никого не го информирале за зголемувањето на цената на месчниот билет.