Подрачјето на Македонија е зафатено од облачност поврзана со циклонска активност, па времето е облачно, на повеќе места со врнежи од дожд, кои повремено се поројни и проследени со ретки грмежи.
Во моментов поизразени облачни маси со поинтензивни врнежи има во подрачјето на Скопје и Куманово и југоисточно од нив, потоа во подрачјето на Кичево и уште една облачна маса се наоѓа во југозападниот дел од земјава.
Врнежите ќе продолжат во текот на вечерта, како и во ноќните часови и повремено ќе бидат поинтензивни, информираат од УХМР.