Поголема количина пиротехника запленета во возило на кумановец

Сподели со своите пријатели

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(31) од Куманово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и ракување со оружје или распрскувачки материи„ по чл.396 од кзнаниот законик на Република Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 31.12.2016 година, околу 11.15 часот на клучка бул.А.Македонски со ул М.А.Ченто б.б, сопрено е патничко возило марка BMW X5, управувано од лице од Куманово, а сопственост на пријавениот кој седел на совозачкото место, а при преглед на возилото пронајдена е поголема количина на пиротехнички средства.