Турскиот товарен брод бил погоден од Црното Море, јавуваат светските медиуми.
Како што се наведува, бомбата експлодирала во близина на украинските граници, односно недалеку од Одеса.
Претходно, два руски товарни брода во Азовското Море беа под оган од украинската армија, а еден од членовите на екипажот беше тешко повреден.
Турски товарен брод кој пловел под знамето на Маршалските Острови од Одеса до Романија во Црното Море бил погоден од „бомба“, според првите информации.
Товарниот брод пловел под името „Јупитер“.
Генералниот директорат за поморски работи на Турција по објавувањето на таа информација соопшти дека немало барања за помош од бродот Јупитер, дека нема жртви и дека бродот е безбеден.
Бродот транзитирал кон романските територијални води.