Погледнете зошто постелнините во хотелските соби се секогаш бели

Сподели со своите пријатели

Без разлика дали се работи за луксузни или помалку луксузни хотели, речиси никогаш нема да наидете на шарена постелнина.

Loading...

Ова правило, ако размислите малку подобро, не се вклопува ниту во правилата на логиката, бидејќи белата постелнина најлесно се валка.

Сепак, причините се, верувале или не, повеќе од психолошка природа. Како прво, белата постелнина е поврзана со уредност, свежина и чистота.

Покрај тоа, на потсвесно ниво, оваа боја се поврзува со луксуз – дури и ако не сте во престижен хотел, ќе добиете впечаток дека е.

 

 

Експертите од угостителството и хотелиерството сметаат дека белата боја позитивно влијае на гостите, односно им овозможува подобра перцепција за хотелот, но се смета дека придонесува и за подобар квалитет на сонот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Снимени неверојатни нови фотографии од Меркур! Температурите на оваа планета достигнуваат и до 430 степени

Некои истражувања покажаа дека оваа боја не прави посмирени и помалку напнати. Што го објаснува фактот дека таа е изборот на секој хотел.

Има уште една практична причина – оваа боја оди со се. Без разлика на боите кои преовладуваат во хотелските соби, белата е неутрална и ќе се вклопи во секоја нијанса, додека тоа не е случај со другите бои.

Веројатно сте забележале дека истото е случај и со хотелските крпи и бањарки. Но, во овој случај постои практична цел.

Станува збор за тоа што белата постелнина, крпите и другите слични ткаенини може без грижа да се перат заедно, а освен тоа, не постои можност за несакано белење и миење на бојата по миењето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Снимени неверојатни нови фотографии од Меркур! Температурите на оваа планета достигнуваат и до 430 степени