Погледнете како му го запленија пловечкиот ѕвер на Андреј Мелниченко: Ова е најскапата јахта на светот

Сподели со своите пријатели

Италијанските власти во петокот на 11 март ја запленија јахтата на рускиот милијардер Андреј Мелниченко, се наведува во соопштението на италијанската финансиска полиција.

Loading...

Во соопштението се наведува дека бродот со име „SY A“ вреди околу 530 милиони евра и се наоѓа во магацин во североисточното пристаниште Трст. Таа е една од најголемите јахти во светот и дефинитивно е најскапиот воден ѕвер во светот.

Запленувањето на јахтата следеше откако Европската унија го санкционираше Мелниченко на 9 март како дел од проширените казнени мерки против руските олигарси. Според ЕУ, тој е сопственик на производителот на вештачки ѓубрива EuroChem Group и на компанијата за јаглен СУЕК, пренесува Си-Ен-Ен.

 

 

На социјалните мрежи се појави и видео од Трст на кое се гледа моментот кога јахтата била запленета.

Во одлуката на Советот на ЕУ, кој ги одобри санкциите против Мелниченко, се наведува дека тој и уште 36 бизнисмени се сретнале со рускиот претседател Владимир Путин по инвазијата на Украина за да разговараат за потенцијалното економско влијание на санкциите на ЕУ и САД.

Loading...

Одлуката на Советот на ЕУ гласи: „Фактот што тој беше поканет да присуствува на овој состанок покажува дека тој е член на потесното опкружување на Владимир Путин и дека тој поддржува или спроведува акции или политики кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. и стабилноста и безбедноста во Украина“.

„Тоа, исто така, покажува дека тој е еден од водечките деловни луѓе вклучени во економските сектори кои обезбедуваат значителен извор на приход на руската влада, која е одговорна за анексијата на Крим и дестабилизацијата на Украина“, се додава.