Погледнете како изгледа новиот хотел „Карантин” во Кина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Се повеќе земји низ светот ги отвораат границите за меѓународни патници и ги олеснуваат ограничувањата поврзани со коронавирусот.

Loading...

Ова не е случај и со Кина, земјата што ја започна оваа глобална криза. На југот на земјата во градот Гуангжу е изграден карантински комплекс со 5.000 соби за патници кои доаѓаат во Кина, а официјалното отворање се очекува во наредните денови.

 

 

Карантинскиот комплекс „Меѓународна здравствена станица Гуангжу“ се состои од серија згради и ќе прими нови патници, како што беше случај со хотелите низ целата земја досега. Целта на овој карантин е да се минимизира изложеноста на локалното население на увезени случаи на инфекција со коронавирус.

Патниците веднаш ќе бидат пренесени со автобуси од аеродромот до новиот комплекс, каде ќе имаат задолжителен карантин од најмалку две недели. Секоја соба е опремена со компјутер или видео камера за разговор, а храната ќе ја доставуваат роботи.

 

Loading...