Сè можеше да заврши многу полошо и возачот да доживее несреќа, па може да се каже дека на крајот имал среќа.
Автомобилите кои нудат натпросечни перформанси бараат употреба на специјални гуми. Така да не треба да штедите на гумите бидејќи тие префрлаат голема сила на асфалтот. Нивниот индекс на брзина обично е многу висок, но тоа важи за нова гума.
За време на работата, гумите може да се оштетат, а потоа возењето со големи брзини е рецепт за катастрофа. Сопственикот на зеленото Ламборџини Урус дознал на потешкиот начин.
Задната гума на возачот експлодирала при едно возење на италијански теренец. Експлозијата била толку силна што биле оштетени делови од каросеријата на автомобилот. Оштетени се пластичните капаци на браниците, страничните прагови и елементите на задниот браник.
Под хаубата на Ламборџини Урус се наоѓа 4.0-литарски V8 со 650 коњски сили и 850 Nm вртежен момент. Ваквите параметри му овозможуваат да забрзува од 0 до 100 km/h за само 3,6 секунди, додека максималната брзина е 305 km/h.
View this post on Instagram

