Пентхаус на последниот кат е изграден во луксузна зграда во Њујорк, на Парк Авенија. Просторот е опремен со внимателно избрани парчиња мебел и декор на престижните куќи „Фенди“ и „Хермес“. Тој е во сопственост на саудиски милијардер.
Највисокиот пентхаус во Њујорк бил понуден на пазарот на недвижности за 169 милиони долари и е најскапиот недвижен имот во градот.
View this post on Instagram
Облакодеро во кој се наоѓа пентхаусот е дизајниран од уругвајскиот архитект Рафаел Вињоли, а ентериерот го опремила компанија од Њујорк, „Deborah Berke Partners“.
Џенифер Лопез и Алекс Родригез биле заинтересирани за овој луксузен стан кога бил изграден пред шест години. Сега е во сопственост на саудискиот милијардер Фаваз Ал Хокаир. Го продава по двојно повеќе од цената што ја платил за станот.
View this post on Instagram
Највисокиот пентхаус во Њујорк бил понуден на пазарот на недвижности за 169 милиони долари и е најскапиот недвижен имот во градот.
Површината на пентхаусот е 830 квадратни метри, има шест спални соби, седум бањи, приватен лифт, библиотека и голема просторија свртена кон исток.
Во рамките на зградата има затворени базени, најсовремена теретана, сауна и винарска визба со контрола на климата.