Поединци го блокираат изнесувањето смет на Краста. Куманово под закана од епидемија

Сподели со своите пријатели

Поединци го блокираат пристапот на камионите на ЈП „Чистота и зеленило“ кон депонијата Краста, што може да доведе до ширење на епидемиолошки болести, ако сметот не се изнесува редовно, велат денеска од претпријатието.

Loading...

Проблемот настана откако, засега непознат сторител, подметнал пожар на депонијата, што беше причина мештаните не село Пчиња да го блокираат патот кој води кон Краста.

Соопштението на ЈП „Чистота и зеленило“ ви го пренесуваме интегрално:

„Во врска со пожарот на депонијата Краста, ЈП “Чистота и зеленило” ве известува дека пожарот кој настана завчера на 17.06.2024 година во 20 часот , а кој е предизвикан надвор од депонијата на 500 метри од запалена нива, за кое што е направен полициски увид и за што чекаме записник со апел за наоѓање на сторителот што побрзо, е локализиран во првите 2-3 часа од настанувањето, ставен е под контрола да не се шири и веднаш потоа во доцните вечерни часови со целокупната механизација и човечки потенцијал и ресурси продолживме со процес на затрупување на депонијата, кој процес непрекинато трае 43 часа до овој момент. Истиот ќе продолжи и понатаму до комплетно задушување на чадот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

Во меѓувреме, одредени поединци протестираат блокирајќи го пристапот до депонијата на камионите со смет кои веќе 30 часа стојат полни со смет, а и камионите со земја исто така беа блокирани извесен период.

Имаме 2 телефонски пријави и записник од СВР Куманово за стопирање на нашите камиони, а и телефонско јавување на началникот на СВР Куманово вчера, при што и понатаму сме блокирани од истите поединци под чие заложништво е ставено и месното население и целиот град.

Со блокирање на камионите со смет, не само што е доведено во прашање секојдневното изнесување на смет кое  на одредени делови се одвива и по трипати дневно, туку и сметот кој стои во камионите е опасност од ширење на епидемиолошки болести и може да доведе до хаварија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со фалсификувани долари се коцкал во казино

Протестот кој одредени политички партии го користат за сликање и ситни политички поени на поедини (советници и пратеници) треба да се испита на кој начин е организиран и дали истиот може да трае 2 дена непрекинато со блокиран сообраќај.

Loading...

Уште еднаш апелираме до надлежните институции да ги  превземат неопходните мерки , секој во своите надлежности за расчистување на овој монтиран случај и да овозможат непречено функционирање на ЈП „Чистота и зеленило, стои во соопштението.