Поднесена кривичната пријава за насилство на протестот „За заедничка Македонија“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.К. (34) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 21.03.2017 година околу 19.45 часот на ул.„Илинденска“ во Куманово, додека Н.М. (23) од с.Пчиња бил во трактор, со кој бил на протест под мотото ,,За заедничка Македонија”, дошол пријавениот и почнал да го влече за облеката, а потоа физички го нападнал, удирајќи го во пределот на вратот, од што му нанел телесни повреди, а кај присутните предизвикал чувство на несигурност и страв.