Сочнево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен јужен ветер ќе биде денеска времето во Македонија. Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната максимална температура ќе се движи од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и многу топло време со максималната температура до 35 степени целзиусови.
До вторник и среда, кога се очекуваат над 40 степени во најтоплите делови од Македонија, продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време.
Извесна промена на времето проследена со засилен северен ветер и намалување на дневната температура за околу пет степени се очекува во четврток и петок.
Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на наредниот викенд кога ќе биде нестабилно со локални поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.