Поддржувачите на Болсонаро ги блокираа патиштата по неговиот изборен пораз

Сподели со своите пријатели

Возачи на камиони во Бразил лојални на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро ги блокираа патиштата низ земјата по неговиот изборен пораз од левиот ривал Луис Игнасио Лула да Силва.

Loading...

Демонстрантите ги блокираа улиците во сите, освен во две сојузни држави, што влијае на снабдувањето со храна, јавува Би-Би-Си.

Изборната администрација на Бразил во неделата соопшти дека Да Силва од левичарската Работничка партија освоил 50,8 отсто, победувајќи го Болсонаро, кој освоил 49,2 отсто од гласовите.

Болсонаро не го призна поразот ниту ги оспори резултатите и се стравува дека претседателот во заминување може да го искомплицира периодот пред Лула да положи заклетва на 1 јануари 2023 година.

Возачите на камиони кои го поддржуваат Болсонаро почнаа да поставуваат блокади на патиштата веднаш по објавувањето на изборните резултати.

Федералната полиција до синоќа пријавила 342 вакви инциденти на автопатиштата, а најголеми протести имало на југот на земјата. Полицијата подоцна отстрани дел од блокадите на патиштата.

Многу возачи на камиони имаат корист од пониските трошоци за гориво за време на администрацијата на Болсонаро.

Судијата на Врховниот суд Александар де Мораес вчера и нареди на полицијата веднаш да ги растера демонстрантите.

Loading...

„Денеска му кажуваме на светот дека Бразил се врати, тој е преголем за да се биде во тажната улога на параја во светот“, рече новоизбраниот претседател.

Најголемата латиноамериканска земја беше дипломатски изолирана за време на владеењето на Болсонаро.