Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк добил донација од 125 милиони долари, најголема во неговата историја, која треба да овозможи завршување на проектот за реновирање на оваа институција.
Парите во музејот ги донирала американска брачна двојка со кинеско потекло, Оскар Танг и Агнес Хсу-Танг.
Танг, кој беше донатор и член на одборот на Мета во изминатите 30 години, претходно финансираше изложби, набавки и реновирање. Тој се преселил од Кина во САД во 1948 година, на 11-годишна возраст и своето богатство го стекнал во финансии.
Делот од музејот кој ќе биде реновиран благодарение на донацијата ќе го носи името на брачната двојка Танг.
Повеќе од една деценија Митрополитот се обидува да го заврши реновирањето на галеријата посветена на модерната уметност.
A $125 million gift, the largest capital infusion in its history, will jump-start the Met Museum’s new Modern and contemporary wing. It will be named after the donors: Oscar L. Tang and his wife, Agnes Hsu‐Tang. https://t.co/U3K8clsxkh
— New York Times Arts (@nytimesarts) November 30, 2021