Американскиот државен секретар Џејмс Матис изјави дека не знае дали севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун отпатувал во Пекинг.
Тој на новинарите во Пентагон им рекол дека „некако изгледало како тој да бил во Пекинг“, но дека сепак не може да каже дали тоа точно се случувало.
Како што пренесе АП, јапонските медиуми известуваат дека специјален севернокорејски воз пристигнал во Пекинг, под силни безбедносни мерки, што сугерира дека во него можеби се наоѓала висока делегација од Пјонгјанг.
Портпаролката на кинеското Министерство за внатрешни работи соопштила дека не е известена за ситуацијата и дека нема да коментира, а државните медиуми во Северна Кореја немаат известувања за патувањето на делегацијата во Кина.
Јапонската телевизија NTV и јавниот сервис NHK известија дека возот пристигнал и дека има силно полициско обезбедување во Пекинг, а дека тоа наговестува дека во него има висок политички претставник.