Денот на полицијата, 7ми мај денеска беше одбележан од страна на Секторот за внатрешни работи под мотото „Заедно сме побезбедни“.
Полициските службеници им поделија привезоци, миризливи фрешери за автомобили и флаери на учесниците во сообраќајот, а со оглед дека оваа година Денот на полицијата се одбележува во сенка на коронавирусот, полицајците поделија и заштитни маски на граѓаните.
– По повод 7-ми Мај Ден на Полицијата, а со оглед на вонредната состојба во нашата држава, СВР Куманово под мотото „Заедно сме побезбедни“ во превентивно постапување на терен преку своите служби на граѓаните покрај укажување и потсетување на совети за заштита на лична сигурност, на имотот, безбедноста на заедницата, јакнење на сообраќајна култура, како и почитување на законски одредби , на граѓани случајни минувачи, во трговски објекти и на работни места, учесници во сообраќајот, им поделија привезоци, миризливи фрешери за во автомобили и флаери, како и заштитни маски со кои што уште еднаш ја потенцираа важноста од почитување на одлуки на Влада за спречување на ширење на Covid 19, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Никола Ивановски