Во Занаетчиски дом, вчеравечер УОМО „Панче Пешев“ – Куманово традиционално го одбележа 1 Април, Денот на шегата, со концерт под маски.

Настанот се реализираше во соработка со Фондација за култура и спорт и привлече голем број посетители. На сцената настапија ученици и наставници од училиштето, кои изведоа домашни и странски класични, но и актуелни композиции, во поединечна, хорска и оркестарска изведба.

Присутните имаа можност да уживаат во богат музички репертоар, но и во креативните маски кои внесоа дополнителна атмосфера, исполнета со позитивна енергија, детски насмевки и безгрижност.

На концертот присуствуваа и претставници на општинската администрација, како и членови на Советот на Општината.



Никола Ивановски

