Почувствуван земјотрес во Дебар и Гостивар

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 3,4 степени е регистриран денеска во 11 часот и 45 минути во дебарското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 70 километри  југозападно од  Скопје, а е почувствуван од населението во Дебар, Гостивар и околината со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Извор: МИА