Почнува Нобеловата недела: Еве кога ќе бидат доделени престижните награди!

Сподели со своите пријатели

Неделата на доделување на Нобеловите награди на Кралската шведска академија на науките за 2023 година започна денеска и ќе трае до 9 октомври.

Loading...

Наградата за медицина ќе биде доделена денеска, наградата за физика утре и наградата за хемија во среда на 4 октомври, додека наградата за литература ќе биде доделена во четврток на 5 октомври.

Нобеловата награда за мир ќе биде доделена во петок на 6 октомври, додека наградата за економски науки ќе биде доделена на 9 октомври.

Објавувањето на наградите ќе се пренесува во живо на веб-страницата nobelprize.org и на официјалните дигитални канали на Нобеловата награда.