Почнаа разговорите меѓу Путин и Лукашенко во Сочи

Сподели со своите пријатели

Во Сочи денеска почнаа разговорите меѓу рускиот и белорускиот претседател Владимир Путин и Александар Лукашенко.

Loading...

Според портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков оваа средба е редовна „синхронизација на часовниците“.

Лукашенко пристигна во Русија ден претходно.

Неговата прес-служба нагласи дека главни теми ќе бидат регионалните прашања, меѓународната ситуација и решавањето на заедничките проблеми во економијата, вклучително и областа на замена на увозот.

Путин најави и дека со белорускиот колега ќе разговара за изградбата на брзиот автопат Москва-Минск.