Почнаа подготовките за Бадниковата поворка во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Подготовките за 11-тото издание на Бадниковата поворка во Куманово се веќе во тек.

Организаторите од здружението „Бадникови поворки“ велат дека интензивните подготовки траат два месеци пред главниот настан на 6 јануари, а секоја година се трудат да понудат нешто ново за учесниците.

– Оваа година по 11ти пат во Куманово ќе се одржи Бадниковата поворка. Подготовките се интензивни и се трудиме да понудиме нешто ново, изјави Ружица Денковска од здружението.

 

 

Покрај традиционалната програма на плоштадот, годинава организаторите воведоа и литературен конкурс на тема Божиќ, во соработка со Друштвото на писатели од Куманово и со поддршка од Општина Куманово.

– Имаме распишано литературен конкурс на тема Божиќ, учениците од основни и средни училишта можат да творат творби да ги испраќаат на мејлот кој ќе го најдат на фејсбук страницата на бадникови поворки, конкурсот ќе биде награден, наградите ќе бидат симпатични, нека биде едно мало изненадување. Конкурсот го распишавме на 9ти и ќе трае до 20 декември, додаде таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кик-боксерите на КБК „Куманово 2006“ ќе настапат на меѓународен турнир во Ниш

Лани во поворката учествувале над 400 деца, што беше рекордна бројка.

Денковска објаснува дека годинава се очекува сличен број учесници, а пријавувањето, иако не е задолжително, е пожелно заради изненадувањата за децата.

– Пријавувањето може да го направат, не е задолжително сите да се пријават, меѓутоа е пожелно затоа што следуваат изненадувања за децата кои се учесници во поворката, па да ја имаме ориентационо бројката на деца што ќе учествуваат за да имаме изнедување за секое детенце. Оние кои сакаат да се пријават има оставено телефонски број на фесбук страницата Бадникови поворки – Куманово, таму ќе може да се информираат за се што ќе треба, рече Денковска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проектот „ЕУ за чист воздух“ го трансформира квалитетот на воздухот во Куманово

Организаторите воведоа и нов концепт за ѕвездичките – децата ќе можат сами да ги изработуваат дома, со видео инструкции на фејсбук страницата на здружението.

– Целта ни е да ги поттикнеме децата дома сами да ги изработуваат ѕвездичките и ќе имаме поставено на фејсбук страницата видео како се изработува, од еден жолт или златен хамер излегуваат три ѕвездички така што тоа може да биде една прекрасна семејна работилница, и лани имавме исти такви и беа прекрасни работилници, појасни таа.

Покрај Куманово, поворката годинава ќе се прошири и во село Пчиња, каде веќе се пријавени околу 80 деца.

– Ние многу се радуваме заради тоа што годинава Бадниковата поворка на територијата се проширува во своето дејствување, односно учесниците во ланската поворка коишто живеат на територијата на село Пчиња и околината посакаа и прашаа дали би било во ред и тие да организираат, многу сме горди на тоа нешто. Таму веќе се пријавени осумдесетина дечиња, подготовките се активно во тек, ги изработија речиси до крај ѕвездичките, изјави Денковска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ќе одговара за обид за убиство: Со нож ја удрил жртвата во глава

Минатата година настанот беше многу масовен со учество на голем број деца кои заедно со нивните родители продефилираа низ градот.

Никола Ивановски